Џим Кери повторно предизвикува контроврзии

Џим Кери уште еднаш предизвика контроврзии со карикатура, којашто овојпат ја прикажува гувернерката на Алабама, Кеј Ајви, како абортиран фетус.

 

Популарниот комичар просто реагираше на тоа што Ајви го потпиша Законот со кој нејзината американска сојузна држава го забрани абортусот, освен во вонредни медицински случаи.

 

На својот Твитер профил, Кери објави карикатура на која Ајви е прикажана како фетус кој е сè уште врзан за папочната врвца, со придружен коментар – „Мислам дека ако сакате да ја прекинете бременоста, тоа треба да го направите пред фетусот да стане гувернер на Алабама".

 

„Ова треба да биде крај за твоите Твитер активности. Точка!", „Да го објавеше некој друг ова, одамна би бил деактивиран”, „Ова е неверојатно злобна илустрација” – се некои од коментарите.

 

Инаку, Џим Кери неодамна се најде на удар и на внуката на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, која го нападна поради карикатура од него обесен. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.