Квентин Тарантино доби шестминутен аплауз во Кан

Светската премиера на новиот филм Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд" се случи вчера на Канскиот филмски фестивал, а гледачите завршетокот на филмот го наградија со шестминутни овации.

 

Претходно, Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби, ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино, му се придружија на режисерот на црвениот тепих. Во филмот свои улоги имаат и Ал Пачино, Дакота Фенинг, Лена Данам…

 

Приказната за златното доба на Холивуд е раскажана преку двајца пријатели глумци (Ди Каприо и Пит) и времето кога се случи убиството на глумицата Шерон Тејт (Роби) од бандата на Чарлс Менсон.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.