Стинг го откажа концертот во Белгија поради здравствени причини

Познатиот британски пејач Стинг (67) го откажал синоќешниот концерт во Белгија поради здравствени  причини.

 

– Со огромно жалење Ви соопштуваме дека настапот на Стинг на Џез фестивалот во Гент, Белгија, е откажан по препорака на лекарите. Повеќе информации за рефундирање на средствата за влезниците ќе следат наскоро, се вели во објава на официјалната Твитер страница на пејачот.

 

Засега нема детали околу тоа за какви здравствени проблеми станува збор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.