Отфрлени обвиненијата против Роналдо за сексуален напад

Обвинувањата против суперѕвездата Кристијано Роналдо за сексуален напад се отфрлени и тој нема да биде осуден, објави окружниот обвинител во округот Кларк, Невада.

 

Властите во земјата започнаа истрага за напаѓачот на Јувентус, под обвинение на Кетрин Мајора, со која имал сексуален однос во јуни 2009 година во Лас Вегас.

 

"Врз основа на дадените информации, тврдењата за сексуален напад од страна на Кристијано Роналдо не можат да се докажат и нема да биде подигнато обвинение против него", велат американските власти.

 

Минатиот септември, Мајора го обвини Роналдо за силување, што не беше докажано. Таа тврдеше дека поднела анонимна жалба до полицијата таа ноќ кога била со Роналдо. Една година подоцна постигнала договор со Португалецот за 375.000 долари за повлекување на обвинувањата и молчење. Американката изјавуваше дека била принудена да го потпише тој документ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.