Ен Хатавеј бремена по вторпат

 Холивудската ѕвезда Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман го очекуваат нивното второ дете, објави глумицата на социјалните мрежи.

 

– Шегата настрана… За сите кои минуваат низ пеколот на неплодноста и зачнувањето, сакам да знаете дека ниту мене не ми беше лесно во двете мои бремености. Ви испраќам љубов!, напиша актерката на Инстаграм, објавувајќи црно-бела слика од себе во широка маица и со стомаче.

 

Нема детали околу нејзината борба со стерилитетот и што сѐ преживеала додека е вторпат бремена. Таа и Шулман се венчаа во 2012 година, а нивното прво дете Џонатан Роузбанкс се роди во март 2016 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.