Лебланк: Пред „Пријатели“ имав само 11 долари на сметка

Многу филмски ѕвезди немале „скршен денар“ пред да станат светски познати. Еден од нив е и Мет Лебланк, далеку попознат како Џои од „Пријатели“.

 

– Неверојатно е тоа што кај секоја генерација има љубители на оваа серија. Се чини, ова шоу никогаш нема да престане да биде популарно, му рече водителот на Лебланк во последното интервју.

 

Глумецот во таа прилика откри дека пред ангажманот во светски познатата серија речиси и да немал за јадење.

 

– Да не беа „Пријатели“, веројатно би умрел од глад. Долго време чекав обична работа, а немаше никаква можност за актерски ангажман, така што во еден миг, на сметката имав 11 долари… „Пријатели“ се појавија во вистински момент, раскажува Лебланк.

 

Натаму, тој додава и дека самиот, бидејќи немал здравствено осигурување, си поправал заб, со опрема купена во обична продавница.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.