Се запали авионот на Пинк

Авионот во кој патувал менаџерскиот тим на американската пејачка Пинк, се запалил за време на слетувањето на аеродромот во данскиот град Трструп, пренесоа медиумите.

 

За време на инцидентот десет лица биле во приватниот авион „Цесна 560 XL“. Ниту еден од патниците не е повреден. Пејачка не била во авионот во тоа време. Авионот летал од Осло, каде пејачоката имала концерт.

 

Организаторите објавиле дека претстојниот концерт на пејачката во Данска нема да биде откажан, бидејќи никој од патниците не бил повреден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.