Мила Јововиќ очекува трето дете

Мила Јововиќ соопшти дека го очекува своето трето дете. 43-годишната актерка ги објави добрите вести на Инстаграм. И откри дека бебето е девојче.

 

Таа и нејзиниот сопруг Пол В.С. Андерсон веќе имаат две деца - Евер, 11 и Дасиел, 4.

 

Мила Јововиќ споделувајќи ја веста напиша: „Откако сфатив дека сум бремена пред 13 недели, доживеав мешани чувства кои се движеа од целосна радост до целосен ужас. Поради возраста и загубата на моето последно бебе, не сакав премногу брзо да се приврзам кон тоа потенцијално бебе. Ова очигледно не беше забавно, а изминатите неколку месеци моето семејство и јас живеевме на трње, чекајќи ги резултатите од истражувањето на лекарите. Фала му на Бога, се е во ред и сфативме дека бевме благословени со уште едно девојче! Како и да е ... Си посакувам себе си и на моето бебе многу среќа! Испраќам многу љубов на сите и ќе ве информирам“, напиша Мила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.