Рафа Надал се жени (ФОТО)

Вториот рекет во светот, Рафаел Надал, есенва во Мајорка ќе се ожени за својата долгогодишна девојка Марија Франческа Перео, пренесуваат светските агенции.

 

Точниот датум е 19 октомври, а местото е одморалиштето Порт де Поленаза на островот Мајорка.

 


Многу познати спортисти ќе бидат гости на свадбата, вклучително и шпанските тенисери Фелисијано Лопез и Фернандо Вердаско. Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос, добар пријател на шпанскиот тенисер, исто така вети дека ќе присуствува на прославата.

 


Свадбениот костум на Рафа е практично подготвен, а неговата идна сопруга го одбра фустанот, но ги држи сите детали за него во строга тајност.

 

Во јули, таа организираше забава за нејзините пријателки во Малага. Минатата година се тврдеше дека Надал и неговата девојка биле тајно во брак во Рим. Двајцата се заедно скоро 15 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.