Ева Лонгорија: Клучот за успешен брак е „почит“

За Ева Лонгорија, клучот за успешен брак е „почит“, пренесе Контакт мјузик.

 

Актерката, која зад себе има два развода, се омажи за мексиканскиот медиумски магнат Пепе Бастон во мај 2016 година.

 

Sвездата на „Очајни домаќинки“ откри дека поддршката и да можеме да „сонуваме заедно“ како двојка е гаранција за брачната среќа.

 

„Кога бев помлада, размислував за тоа што сакам да постигнам. И постигнав многу и веќе можам да седнам и да уживам во успехот и сонот за нови работи со мојот партнер“, споделува Лонгорија.

 

Актерката, која беше во брак со својот колега Тајлер Кристофер помеѓу 2002 и 2004 година, а потоа му кажа да на кошаркарот Тони Паркер помеѓу 2007 и 2011 година, изјави дека да се биде во брак со Пепе е „најдоброто нешто што и се случило досега“.

 

44-годишната актерка која стана мајка за прв пат пред 13 месеци е воодушевена и не жали што тоа и се случи во раните 40-ти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.