Рита Ора критикувана поради својата проѕирна тоалета

По серијата контроверзии и скандали, британската пејачка повторно е цел на критики во јавноста. Овојпат поради „оскудната“ и проѕирна тоалета со која се појави на доделувањето на Џи-кју наградите.

 

Косовката дојде на шоуто во црн проѕирен фустан и хулахопки кои ѝ оставаат малку простор на имагинацијата. Црната чипка, градникот и чорапите не оставија никого рамнодушен, а Британците на интернет сѐ уште негодуваат за оваа појава на една од најголемите поп-sвезди во земјата.

 

– Зошто пејачката се облекла како „дама на ноќта“?, гласи еден од интернет-коментарите.

 

Сепак, имаше и такви но кои нејзиниот стил им се допаѓа. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.