Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс блескаа на доделувањето на наградите Еми

Ова лето сопружниците Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зета-Џонс (49) летуваа во Италија, а на фотографиите што ги снимија папараците, актерот изгледаше загрижен и слаб.

 

Многумина помислија дека неговото здравје се влошува бидејќи се бореше со ракот на грлото во 2010 година. Исто така, тој имаше тешкотии при одењето, па неговата помлада сопруга го држеше додека шетаа и низ градот.

 

Двојката синоќа присуствуваше на доделувањето на наградите Еми, а се чини дека Мајкл е многу подобар. Во Лос Анџелес тој насмеано позираше со сопругата. Славниот актер носеше елегантен црн костум, а Кетрин блескаше во долг, розов фустан со голем шлиц и наметка.

 

Пред да стигне до црвениот килим, Кетрин објави видео на социјалните мрежи од својот автомобил.

 

https://www.instagram.com/p/B2uu5hInkPg/?utm_source=ig_embed

 

„Одиме на Еми. Јас доаѓам со овој неверојатен кандидат за награда“, рече Кетрин, насочувајќи го кадарот кон Даглас кој седеше до неа. Таа јавно му честиташе на својот сопруг, кој беше номиниран за најдобар главен актер во хумористична серија, но наградата ја освои Бил Хадер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.