Таткото на Бијонсе се бори со карцином на дојка

Бизнисменот Метју Ноулс (67), татко на пејачката Бијонсе (38), раскажа за својот рак на дојка во емисијата „Добро утро Америка“, пренесува „Дејли мејл“.

 

Ракот на дојка во 99 отсто од случаите се јавува кај жени, а е многу редок кај мажите.

 

Водителот на емисијата, Мајкл Страхан (47) го интересираше како ја соопштил веста на семејството, бидејќи тој и неговата сопруга останале цврсто поврзани поради поддршката на нивната ќерка и покрај тоа што се развеле во 2011 година. Тој најави дека ќе даде специјална изјава за тоа.

 

Бизнисменот и неговата поранешна сопруга Тина Ноулс (65) многу пати се видени како ја бодрат Бијонсе на нејзините настапи. Пејачката постојано истакнува колку е важна семејната поддршка за сите нив, а Метју многу пати има кажано дека целосно ја поддржува својата ќерка, па истото го повтори и во споменатата емисија.

 

Ноулс ѝ помогна на својата ќерка кога го напушти женскиот бенд „Дестини чајлд“ да успее во соло кариера, а од 2011 година, тој престана да ѝ биде менаџер. Тој го продуцираше и нејзиниот прв соло албум, Dangerious In Love. По завршувањето на нивната соработка, тој започна да предава на колеџ и во моментов промовира нова книга за расните односи, „Расизам: Преку очите на детето“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.