Принцот Хари: Ја изгубив мајка ми, а сега Меган е жртва на истите сили

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38) тужи еден британски весник за објавување на некои нејзини приватни писма без дозвола, според списанието „Хелоу“.

На официјалната веб-страница на кралската двојка, принцот Хари (34) објави долга изјава во која вели дека неговата сопруга станала една од жртвите на британските таблоиди и дека тоа било многу болно за нивното семејство.

„Како двојка, ние веруваме во слободата на медиумите, објективноста и вистинитоста во известувањето. Веруваме дека ова се заснова на демократија и во овој момент во светот, на сите нивоа, никогаш не ни требале поодговорни медиуми. За жал, мојата сопруга е една од последните жртви на британскиот печат што плаќа за кампањи против поединци без да размислува за последиците. Немилосрдната кампања ескалира во текот на изминатата година, за време и по нејзината бременост“, вели принцот Хари.

Двојката истакна дека досега не успеале да ги поправат грешките и заблудите што се појавуваат за нив.

„Затоа се обидуваме тоа да го дисправиме по легален пат, а процесот трае со месеци“, вели Хари. Тој го нарече однесувањето на медиумите кон Меган како малтретирање што не е прифатливо на ниту едно ниво.

Исто така, тој стравува дека историјата се повторува бидејќи тоа ѝ се случувало и на неговата мајка, принцезата Дајана.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.