Поради секс-скандалoт, Пласидо Доминго веќе не е директор на Операта во Лос Анџелес

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго се повлече од функцијата извршен директор на Операта во Лос Анџелес, откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување.

 

„Обвинувањата создадоа атмосфера што ја загрозува мојата способност да ѝ служам на куќата што ја сакам толку многу“, рече Доминго.

 

Одборот на директори на Операта изјави во посебно соопштение дека Доминго има настапено повеќе од 300 пати во таа куќа во 31 различна улога. Тој бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес од 2003 година. Доминго (78) пред две недели објави дека повеќе нема да настапува во „Метрополитен“ во Њујорк.

 

Неколку американски опери и оркестри досега ги откажаа настапите на Доминго.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.