Бен Афлек фатен во друштво на вдовицата на Стив Џобс

Познатиот холивудски актер беше виден во друштво на милијардерката Лорен Пауел Џобс на излегување од ресторан во Лос Анџелес, и веднаш почнаа озборувања дека меѓу нив има повеќе од пријателство.

 

„Тие се пријатели долго време“, открил пријател на Афлек и Лорен Пауел Џобс, тврдејќи дека станува збор за пријателство, но говорот на телото зборува дека има многу повеќе.

 

Нивното познанство започнало откако актерот го основал „Eastern Congo Intiative“, додека Лорен Пауел Џобс се занимавала со филантропија од 2010 година. Вдовицата на основачот на „Епл“, Лорен, беше снимена со Афлек во „Џорџо Балди“, омилениот ресторан на славните во Санта Моника.

 

Иако одделно влегле и подоцна излегле од ресторанот, тие поминале дури три часа уживајќи во деликатесите, како и во разговорот.

 

Во истиот ресторан пред само неколку недели била видена  поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, која пристигнала таму со своето момче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.