Марина Абрамовиќ ѝ помогнала на Лејди Гага да се симне од дрога, според српски медиуми

Пејачката Лејди Гага (33) некое време беше зависна од забранети супстанции. Таа се дрогирала, пиела, пушела ... Пред десет години, таа рече дека е зависна од хероин и консумира марихуана во неверојатни количини. Сепак, сега тој период е зад неа, таа успеала да се извлече од пеколот.

 

Деновиве српските медиуми објавија дека уметницата Марина Абрамовиќ (72) е заслужна за тоа што повеќе не зема дрога.

 

„Марина ја носеше Лејди Гага во некоја куќа на Џерси. Таму, колку што сум запознаен, престојуваат луѓе што се симнуваат од дрога. Знам дека лекувањето е чудно и зависниците трчаат голи низ некоја трева. Сепак, тоа ѝ помогна на пејачката и ја имна од дрога со помош на Марина“, рече братот на Марина, Велимир Абрамовиќ, пренесува Експрес таблоид.

 

Еднаш Марина рече дека Лејди Гага имала големо влијание врз нејзината кариера.

 

„Мојот настап се префрли од мал круг на луѓе на маса луѓе. Девојчиња и момчиња од 14, 15 години кои никогаш не слушнале за мојот настап се заинтересираа за мојата работа поради Лејди Гага. Така, влегов во масовна култура“, рече Марина едно време.

 

Лејди Гага честопати се појавуваше на јавни настани и на црвениот килим со уметницата.

 

„Јас сум опседната со неа. Таа е толку неверојатна. Таа е толку слободна, отворена…“, рече пејачката во една пригода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.