Принцот Хари низ солзи зборуваше за татковството

Британскиот принц Хари со својата сопруга Меган Маркл присуствуваше на настан посветен на децата што се борат со болести и проблеми, при што одржа инспиративен говор и се присети на денот кога дознал дека ќе стане татко.

 

Хари се врати една година назад и се сети на моментот кога тој и Меган дознале дека го очекуваат своето прво дете, но сè уште не им ја беа откриле веста за јавноста. Војводата призна дека сè е поинаку оваа година затоа што тој сега е татко.

 

https://twitter.com/BBCNews/status/1184348641915494401

 

„Јас членувам во оваа организација веќе десет години и секоја година тие успеваат да ме изненадат и да ме инспирираат. Минатата година јас стоев таму со сопругата и знаевме дека ќе станеме родители“, рекол Хари. За време на говорот, тој одвај ги задржувал солзите во очите.

 

„Сега кога сум овде како родител и ви го кажувам сето ова, во мене се будат емоции за кои не знаев дека постојат сè додека не станав татко“, заврши Хари велејќи дека ниту еден родител не може да замисли дека неговото дете страда и им се заблагодари на сите учесници и добитници на награди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.