Лијам Хемсворт има нова девојка, два месеца по разводот од Мајли

Актерот Лијам Хемсворт (29) и пејачката и актерка Мајли Сајрус (26) ненадејно се разведоа пред два месеца по што таа веднаш тргна по својот пат, а сега се чини дека и славниот заводник одлучи да продолжи понатаму.

 

Двајцата беа во брак само една година, а Мајли потоа имаше авантура со девојка, но тоа не траеше. Исто така, се зборува дека таа има ново момче, а Лијам првпат од разводот е фатен со австралиската манекенка и актерка Медисон Браун (22).

 

Тие се шетале на улиците на Њујорк држејќи се за раце, се бакнувале и се гушкале и во ниеден момент не се криеле.

 

Бидејќи заедно ручале во ресторан и подоцна заедно се возеле во метро, се претпоставува дека се во врска и дека се заљубени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.