Џенифер Анистон отвори Инстаграм, ја следи и нејзиниот поранешен сопруг

Долго се двоумеше, но Џенифер Анистон (50) го направи она за кое до неодамна велеше дека никогаш нема да го стори.

 

Таа се придружи на Инстаграм, добивајќи милионски следбеници на нејзиниот прв пост, но и воодушеви многу фанови на ТВ-серијата што ја прослави.

 

„Сега сме пријатели и на Инстаграм“, напиша таа во описот на нејзината прва фотографија на која ги собра сите „Пријатели“ и предизвика носталгија.

https://www.instagram.com/p/B3o8vWDhlOh/?utm_source=ig_embed

 

Дејвид Швимер, Метју Пери, Мет Лебланк, Кортни Кокс и Лиза Кудроу позираа и го снимија моментот на другарство што Џенифер неочекувано го сподели со фановите.

 

Анистон веќе беше придружена од многу познати личности, па дури и од нејзиниот поранешен сопруг Џастин Терукс (48), а колешката од филмските сетови, Рис Витерспун веднаш ја поздрави во коментарите.

https://www.instagram.com/p/B3RInE5jxc8/?utm_source=ig_embed

 

Неодамна, Кокс на својот профил објави заедничка фотографија од старите познајници, а се погласни се шпекулациите за повторно обединување и повторно снимање на „Пријатели“. Сепак, сè уште нема официјални информации за тоа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.