Меган Маркл: Британските таблоиди ми го прават бракот тежок

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, рече дека првата година од бракот со принцот Хари ѝ е тешка поради британските таблоиди, пренесува АП.

 

Маркл, поранешна актерка, изјави за ИТВ дека нејзините пријатели во Велика Британија ја предупредувале да не се мажи за принцот „затоа што британските таблоиди ќе ѝ го уништат животот“.

 

Таа истакна дека „наивно“ ги отфрлила овие предупредувања затоа што како Американка не разбирала како функционира британскиот печат.

 

Војвотката го тужеше таблоидот „Мејл“ претходно овој месец, тврдејќи дека тие незаконски го објавиле писмото што му го пратила на својот татко.

 

Принцот Хари изјави за ИТВ дека голем дел од она што го објавуваат британските таблоиди не е точно, додавајќи дека тој нема да биде вовлечен во „играта што ја уби неговата мајка“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.