Принцот Вилијам добил ултиматум: или да оди во војска или да се ожени со Кејт

Принцот Вилијам (37) е во брак со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (37) од 2011 година. Имаат три деца, синовитe Џорџ (6) и Луис (1) и ќерката Шарлота (4).

 

Иако се окупирани со обврски и протокол кој мора да го почитуваат како членови на британското кралско семејство, двојката е среќна. Сепак, тоа не било случај пред неколку години кога принцот добил ултиматум - или да земе неколкумесечна пауза во врската затоа што мора да оди во војска или да се ожени со Кејт.

 

„Како на офицер му беше одбиено барањето да живее со девојката. Тој знаеше дека би било полесно да се оженат и двајцата, но дури и блиските пријатели на принцот не знаеја што ќе одлучи“, кажа тогашниот член на персоналот на кралската палата.

 

Бидејќи морал да оди во војска, со Кејт не можел да живее сè додека не стапат во брак, па така таа не можела да патува со него додека служел во воената база Бивингтон во Дорсет, бидејќи со војниците можат да живеат само нивните жени.

 

Двојката ги издржа сите искушенија, принцот беше во англиската армија седум години и во 2013 година, две години по свадбата, објави дека ја напушта армијата и дека се посветува на семејните обврски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.