Животот на Тина Тарнер во нов мјузикл на Бродвеј

Колку и да звучи неверојатно, Тина Тарнер - рок и поп легенда позната по својот извонреден вокал, долги нозе и неуништив дух – ќе наполни 80 години на крајот на ноември. А Бродвеј слави со нов мјузикл кој ја раскажува нејзината необична животна приказна, пишува Њусдеј.

 

„Тина: Тина Тарнер Мјузикал “ која ја глуми Адриен Ворен како дива која освои Греми, се отвара следниот четврток, 7 ноември во театарот Лант-Фонтана. Мјузиклот раскажува за  скромните почетоци на пејачката (во Натбуш, Тенеси), нејзиниот подем на рок-ѕвезда со контролирачкиот, насилен Ајк Тарнер, годините на очај  - по напуштањето на Ајк во 1976 година, кога речиси сите дискографски куќи ја отфрлија нејзината понуда за соло кариера -  а потоа и нејзиниот неверојатен кам-бек со платинестиот албум “Private Dancer” Приватен танчеr“ од 1984 година. Во тоа време таа имала 44 години -  престара, според стандардите на индустријата во тоа време.

 

„Разделбата со Ајк Тарнер по 16 години злоставување беше само почеток на нови предизвици, рече директорката на шоуто, Филида Лојд, во неодамнешното интервју за „Плејбил“. Расизмот, сексизмот и агимизмот си го зедоа својот данок, објаснува Лојд. „Таа не направи свое деби на стадионска сцена сè додека не наполни скоро 50 години.“

 

Претставата - со моќни изведби на нејзините хитови - Proud Mary, River Deep, Mountain High и Simply the Best -  ќе ги освежат сеќавањата на фановите кои имале можност да ја слушаат во живо на концерт.

 

„Тина Тарнер беше и остана олицетворение на женственост, сирова, чиста волја и страст “, се сеќава Синди Дејвис, професор по англиски јазик во Институт за технологија во Њујорк, кој неколку пати бил на нејзини концерти.

 

Во едно интервју за Ентертејнмент тунајт, легендарната Тарнер рече: „Едноставно имам енергија. Јас сум роденa со неа“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.