Денис Квејд планира свадба со 39 години помлада студентка

Холивудскиот актер Денис Квејд (65) се сврши со 39-годишната студентка Лора Саволе (26) и планира свадба, пренесува „Дејли мејл“.

 

Пред пет месеци, тие признале дека се во врска, а Денис ѝпредложил брак на Лора за време на нивниот романтичен одмор на Хаваи.

 

https://www.instagram.com/p/B347qMfD6i7/?utm_source=ig_embed

 

„Имам една година да го направам тоа, затоа што ако помине годината, станувам сомнителен“, рече ѕвездата на филмот „Стапица за родители“. Следната година, ако сè оди според планот, Денис ќе се ожени по четврти пат, а Лора веќе бара венчален фустан.

 

Денис еден и пол месец ја планирал свршувачката.

 

„Сакав да биде целосно приватна. Додека се обидуваше да нè фотографира, јас го подигнав прстенот пред нас и прашав 'Дали ќе се омажиш за мене'“, рече актерот.

 

Во август минатата година, Денис се разведе од третата сопруга Кимберли Буфингтон (46), со која беше во брак од 2004 година. 

 

Тие имаат близнаци, Томас Бун и Зои Грејс (11), но престанаа да живеат заедно пред три години. Се тврди дека Денис бил неверен. Пред Кимберли, актерот беше со Мег Рајан и П.J. Солис.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.