Расел Кроу се здебели за новата улога (ФОТО)

Познатиот холивудски актер се прослави со улогата на Гладијатор во истоимениот филм, тогаш Расел Кроу (55) го отелотвори мускулестиот римски генерал Максим Декимус Меридиус, но неговите последни фотографии се далеку од тие денови.

 

Австралиецот покажа малку поинаков, средовечен изглед на аеродромот во Сиднеј. За потребите на неговата нова улога во трилерот 'Unhinged', актерот забележително се здебели, а за разлика од макотрпните тренинзи на кои порано се подготвуваше за улогата на Гладијатор, единствена негова задача сега е да не вежба и да јаде што сака.

 

Кроу во филмот што ќе се прикажува во 2020 година игра манијак кој следи жени, а режисер Дерик Борте (51) го замоли да ја смени конституцијата за да изгледа што е можно поубедливо.

 

Актерските трансформации на Расел не се нешто ново, но сепак оваа е една од најрадикалните, и многумина не би го препознале Кроу на улица во ова издание.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.