Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

На само 20 дена пред да се одржи, најавениот концерт на Енрике Иглесијас во Загреб е под знак прашалник.

 

Најпрвин на интернет се појавиле информации дека концертот е откажан, но како што дознава Индекс.хр, сè уште не се знае дали концертот ќе се одржи или не.

 

„Настанаа организациски промени“, рекле од агенцијата која го промовира концертот во име на организаторите.

 

„Билетите не можат да се купат во моментов, како резултат на организациските промени поврзани со концертот на Енрике Иглесијас. Ние ќе се обидеме да обезбедиме нови информации што е можно поскоро“, е објавено на веб-страницата за продажба на билети Eventim.

 

Од друга страна, најавата за концертот во Загреб исчезна од официјалната веб-страница на Иглесијас. Индекс.хр наведува дека официјално е само дека конечната одлука за концертот треба да се знае утре.

 

Иглесијас одржа концерт во Загреб во мај 2016 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.