Флавио Бријаторе во страстен бакнеж со 49 години помладa девојка (ФОТО)

Мултимилионерот Флавио Бријаторе (69) е фатен во страстен бакнеж со новата девојка Бенадет Боси.

 

Бенадет е студентка по право од Милано, која има 20 години и е една од многуте што славниот заводник успеа да ги шармира.

 

Двајцата се фотографирани на луксузен одмор во Кенија, а нивните фотографии ги преплавија светските портали. На фотографијата на која се бакнуваат Бенадет има крпа околу половината, а Флавио е едноставно облечен - во син шорц и црна маица.

 

Подоцна Бенадет се прошета во бикини, а во раката држи маска за нуркање, што е нејзина страст.

 

Флавио беше во врска со некои од најубавите жени во светот, како што се Хајди Клум, Наоми Кембел, Елизабета Грегори.

 

Тој се разведе од Елизабета минатата година по 9 години брак и со неа го има синот Фалк.

 

Флавио со Хајди Клум ја има ќерката Лени (15), која ја запозна минатото лето.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.