(Видео) Мадона објави снимка на која пие сопствена урина

Поп-кралицата Мадона (61) во моментов е на нејзината турнеја наречена „Мадам Х“, која предизвикува големо внимание не само поради ненадејното соборување на рекордот во цената на билетот туку и поради начинот на кој Мадона привлекува внимание.

 

Овој пат, таа објави видео на „Инстаграм“ на кое се гледа како закрепнува по исцрпувачкиот концерт. Во заднина се слуша рап-музика, додека Мадона скока и боксува со својот тренер, а потоа влегува во када полна со мраз.

 

https://www.instagram.com/p/B4_ABoOhIBC/?fbclid=IwAR2TKk5JSUFQ7GsobgLzZ-DMivWigbX57--IHLxYO1y-iXTcoDRwi5LDGZE

 

Она што ги згрози нејзините следбеници, барем повеќето, е фактот дека на крајот од видеото, Мадона пие шолја течност која наводно е нејзината урина.

 

Како што рече таа - најдобро е да ја пиете откако ќе излезете од студената вода.

 

„Дали ќе започнеме нов предизвик со ледена бања? Најдобриот третман за повреди“, напиша Мадона во описот на објавата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.