Меланија Трамп ги засени гостите на забавата на кралицата Елизабета (ФОТО)

Меланија Трамп е дефинитивно најголема поп-ѕвезда во светот на политиката. Се чини дека секој нејзин чекор ќе ја подели јавноста во остра полемика, а едно нешто е сигурно -  луѓето не можат да се договорат дали станува збор за голем почит или голем презир.

 

Ова стана јасно уште еднаш по посетата на претседателската двојка на Бакингамската палата, на забавата на која домаќин беше кралицата Елизабета пред самитот на НАТО во Лондон.

 

Светските лидери беа гости на кралицата и на британскиот премиер Борис Џонсон, а заедно со нив ги пречекаа и принцот Чарлс и војвотката Камила. Сепак, никој не привлече толку внимание како сопругата на американскиот претседател Доналд Тамп.

 

Во волнен капут на модната куќа Валентино, Меланија изгледаше како епитом на елеганција. Првата дама својата жолта наметка ја искомбинира со виолетов фустан со долги ракави и виолетови чевли со високи потпетици кои, како и обично, го носат потписот на Christian Louboutin (Кристијан Лобутин).

 

Иако голем дел од светските медиуми, вклучувајќи ја и твитер-заедницата, имаа прилично исмејувачки коментари за ексмоделот (49), како на пример дека била  „маскирана како велигденско јајце“, немаше личност на забавата која привлече поголемо внимание.

 

Дури и кралицата Елизабета поголемиот дел од своето време го помина во друштво на Меланија, а речиси никој не го забележа фустанот на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, пишуваат светските таблоиди.

 

Патем, последната посета на Трамп на Велика Британија, исто така, помина во знак на масовно внимание за Меланија, особено за нејзините модни избори, па многу од медиумите го забележаа суптилниот омаж на Лејди Ди во неколку нејзини комбинации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.