Карди Би позира за насловна на Вог

Американската раперка Kарди Би позира со својата ќерка на насловната на Вог и вели дека „се молела и ангажирала свештеници“ да помогнат во обновата на нејзиниот брак со Офсет.

 

Таа ја возобнови љубовта со неверниот сопруг Офсет на почетокот на оваа година, откако во декември 2018 ја објави нивната разделба.

 

Карди Би во интервуто открива зошто решила да му даде уште една шанса на својот брак, и како таквата одлука наишла на многу омраза.

 

Во интервју за јануарското издание на Вог (2020), 27-годишната Карди објаснува дека не само што се молела, туку и дека во нивниот дом дошле свештеници за да ги научат како да простат и заборават.

 

Свештениците помогнале да го обнови бракот со сопругот Офсет откако ја изневерил.

 

Белкалис Марленис Алминзар, професионално позната како Карди Би, е американска раперка, текстописец, актерка и телевизиска личност. Родена е во Менхетен а израсната во Бронкс, Њујорк.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.