Почина вокалистката на Роксет, Мари Фредриксон

Шведската пејачка и вокалистка Роксет Мари Фредриксон почина, пренесуваат медиумите.

 

"Со длабока тага објавуваме дека една од нашите најголеми и најомилени пејачки го напушти овој свет. Мари Фредриксон почина на 61-годишна возраст во нејзиниот дом, по долго боледување", изјавија од семејството.

 

Мари Фридриксон ја формираше Роксет во 1986 година со Пер Гесли.Тие ја започнаа својата успешна кариера со серија хитови. Најпознати од нив се „Must Have Been Love“, „Joyride“, „Listen to Your Heart“ и „The Look“.

 

Шведската пејачка го напушти овој свет на 9 декември. Нејзиниот погреб ќе биде во близок семеен круг.

 

Во 2002 година на Мари Фредриксон и е откриен мозочен тумор. Во тоа време, лекарите давале само 20% шанси пејачката да преживее, но таа се опоравила по извесно лекување.

 

Шведското дуо стави крај на своите настапи во 2016 година по медицинските препораки до пејачката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.