Исконскиот фустан на Лејди Ди не најде купувач

Исконскиот фустан, облечен од принцезата Дајана за време на нејзиниот танц со актерот Џон Траволта во Белата куќа во 1985 година, не најде купувач на аукцијата, јавуваат агенциите ширум светот.

 

Лејди Ди носи темно сино кадифено фустанче со прерамки на вечерата што ја приредил тогашниот претседател на Соединетите држави Роналд Реган во чест на принцот и принцезата од Велс.

 

Фустанот, креиран од Виктор Едлестин, е овековечен во слики каде принцезата Дајана танцува со Џон Траволта со звукот на песната „Дали си за танц“ од филмот Saturday Night Fever.

 

Првичната проценка на тоалетата беше помеѓу 250.000 и 350.000 фунти. За време на наддавањето што го организираше аукциската куќа во Лондон Кери Тејлор, фустанот не успеа да ја достигне поставената почетна цена од 200.000 фунти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.