Нема ништо романтично помеѓу Бред Пит и Џенифер Анистон

Поранешната двојка, која се разведе во 2005 година по пет години брак, предизвика шпекулации дека ја обновила својата врска откако Бред, ѕвезда на новиот филм на Дејвид Ајер „Фурија“, својата поранешна сопруга - позната по улогата на Рејчел во популарната ТВ-серија „Пријатели“,  ја нарече добра пријателка неделава на „Златните глобуси“.

 

Како и да е, извор за TMZ.com изјави дека нивната врска е чисто платонска и дека тие понекогаш се гледаат на настани и забави бидејќи имаат ист круг на пријатели.

 

И покрај тоа што многупати им се вкрстуваат патеките на шоубиз-настани и забави, поранешните љубовници не поминуваат време заедно далеку од очите на јавноста - иако и двајцата се разведоа од своите неодамнешни партнери.

 

56-годишниот Бред неодамна предизвика многубројни коменатри на социјалните медиуми кога изгледаше среќен што налета на Џенифер на црвен тепих на настан во Холивуд, Калифорнија.

 

Во интервју за Entertainment Tonight тој рече: „Ќе налетам на Џен, таа е добра пријателка.“

 

Бред и Џенифер (50) последен пат присуствуваа на церемонија заедно како двојка во 2002 година, три години пред крајот на нивниот брак.

 

Бред во 2014 година се ожени со Анџелина Џоли, која глумеше негова сопруга во филмот „Г. и г-ѓа Смит, а се разведе од неа пет години подоцна, во 2019 година.

 

Бред и Џенифер - ѕвездата на филмот „Торта“ - последен пат биле видени заедно на нејзиниот 50-ти роденден минатиот февруари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.