Принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа од своите кралски должности

Војводата и војвотката од Сасекс најавија дека ќе се повлечат како „постари“ кралски членови и ќе го поделат времето меѓу Велика Британија и Северна Америка.

 

Во изјавата објавена од Бакингамската палата, брачната двојка вели дека планираат да „издвојат прогресивна нова улога во рамките на оваа институција“. Тие истакнаа дека имаат намера „да работат за да станат финансиски независни“.

 

Минатиот октомври принцот Хари и Меган јавно ја открија својата борба со центарот на вниманието на медиумите.

 

Во својата изјава, исто така објавена на нивната страница на Инстаграм, парот рече дека ја донеле одлуката „по повеќемесечни размислувања и внатрешни дискусии“.

 

„Имаме намера да се повлечеме како 'постари' членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, истовремено ќе продолжиме да го поддржуваме целосно нејзиното Височество Кралицата. Со ваше охрабрување, особено во последните неколку години, се чувствуваме подготвени да го направиме ова прилагодување“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.