„Алијанса за Земјата“ на Ди Каприо донира четири милиони долари за справување со пожарите во Австралија

Earth Alliance, органзација за заштита на животната средина зад која стои холивудскиот актер и филантроп Леонардо ди Каприо, најави донација како поддршка на процесот на санирање на последиците од пожарите во Австралија кои достигнаа катастрофални размери.

 

Познатиот актер Ди Каприо најави дека неговата хуманитарна организацја Earth Alliance или  „Алијанса за Земјата“ ќе донира четири милиони долари за справување со пожарите во Австралија.

 

Фондацијата во четвртокот (9 јануари) соопшти дека формирала фонд за пожарите во Австралија за да помогне во „меѓународниот одговор на катастрофалните пожари“ кои моментално беснеат во земјата.

 

Актерот е копретседател на „Алијансата за Земјата“ заедно со филантропите Лорен Пауел Џобс и Брајан Шет.

 

Организацијата беше основана минатата година со цел сузбивање на климатските промени и заштита на биодиверзитетот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.