Меган Маркл ќе синхронизира анимирани филмови

Војвотката од Сасекс - Меган Маркл, потпиша договор со гигантот Дизни и ќе синхронизира анимирани филмови, пренесува „Тајмс“.

 

За возврат за нејзината посветеност кон филмската компанија, Дизни се обврза да направи голема донација на добротворна организација за одгледување слонови.

 

Поранешната актерка, која ја напушти актерската кариера во 2017 година, откако се омажи за британскиот принц Хари, најверојатно го потпишала договорот во ноември.

 

Веста за договорот доаѓа откако двојката неодамна објави дека планира да се пензионира од кралското семејство и да замине на шестнеделен одмор во Канада.

 

Претходно, Хари и Меган активираа нова веб-страница во која ја објаснуваат новата политика за односи со јавноста на парот. Веб-страницата го опишува идниот развој и финансирањето на нивните добротворни цели.

 

Идното финансирање на двојката силно забранува секаков вид субвенција од Кралскиот двор. Тие ќе заработуваат пари преку деловни зделки и добротворни активности.

 

Новата веб-страница на двојката - sussexroyal.com исто така забележува дека Хари и Меган „ја ценат можноста да заработат професионален приход, што во сегашната монархиска структура во Велика Британија им е забрането да го прават“, иако ќе ја задржат својата палата со дозвола на кралицата. Инаку кралскиот имот се финансира од даночните обврзници и изнесува околу 2 милиона фунти годишно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.