Елизабета Втора: Одлуката за Хари и Меган е донесена по повеќемесечни разговори

Одлуката за Хари и Меган е донесена по повеќемесечни разговори. Ова е јасна порака од кралицата Елизабета Втора, по што се чини дека пензионирањето на Хари и Меган од кралските должности било одамна планирано, пишуваат британските медиуми.

 

Бакингемската палата веќе официјално го објави статусот на принцот Хари и Меган Маркл по нивното заминување. Познатата двојка веќе нема да ги има титулите на Кралското височество.Тие нема да ја претставуваат кралицата и нема да имаат финансиска корист од јавниот фонд што го финансира кралското семејство. 

 

Елизабета Втора вели дека ја поддржува желбата на Хари и Меган за независен живот, а заедно со нивниот син Арчи, остануваат сакани членови на кралското семејство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.