Прекугранична љубовна приказна ги руши рејтинзите на гледаност во Јужна Кореја

Моментално најголемиот телевизиски хит во Јужна Кореја е прилично неверојатна приказна за милијардерка наследничка која случајно, летајќи со параглајдер, се приземјува на Северот и се вљубува во офицер на војската на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

 

Crash Landing on You има фантастичен заплет, но исто така привлекува пофалби за реално прикажување на секојдневниот живот на Северот, сè до нивниот акцент и зборови.

 

Поделбата на полуостровот е редовна тема во корејските драми и филмови, но невообичаено е тоа што дејствието на приказната се случува на Северот - во Пјонгјанг и во околните села - а дезертерите ја пофалија точната сценографија.

 

Во серијата, на sидовите на секој дом има портрети на основачот на комунистичката држава Ким Ил Сунг, и неговиот син и наследник Ким Џонг Ил, татко на сегашниот лидер, а исто така се појавуваат и пропагандни пароли на улиците.

 

Актерската екипа вклучува писател и актерка од Северот. „Чувствував како да сум се вратила назад во некое севернокорејско село, вели Ким А-ра кој во филмот игра селанец.

 

Серијата има 16 епизоди, а овој викенд ќе го достигне својот врв на кабелската мрежа tvN.

 

„Таа ги смени стереотипите за Северна Кореја и отворено покажа дека и тоа е место каде што живеат луѓе“, вели Јун Сук-џин, професор на Националниот универзитет Чунгнам.

 

Приказната се отвора со прекрасна наследничка на јужнокорејска бизнис империја која што лета со параглајдер, но, зафатена од силно торнадо таа паѓа на погрешната страна на Демилитаризираната зона.

 

Таму запознава убав војник на Северна Кореја - син на највисок воен генерал - и двајцата се вљубуваат додека тој ја крие и заштитува.

 

Неверојатно сценарио во еднопартиска држава во која натрапниците се ставаат во затвор, а нелојалноста жестоко се казнува.

 

И приказната станува уште повеќе надреална откако девојката ќе се врати на Југ. Херојот и неколку другари се провлекуваат низ демилитаризираната зона (DMZ) и во Сеул неоткриени за да ја спасат од еден негативец.

 

Но, гледачите се фасцинирани од скромниот стил на живот на селаните - соседите технички сè уште се во војна, и каков било контакт меѓу нивните граѓани е строго забранет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.