Елтон Џон „длабоко вознемирен“ дека морал да го скрати концертот во Нов Зеланд

Британскиот пејач-текстописец Елтон Џон им се извини на своите фанови во Нов Зеланд доцна во неделата, откако го изгуби гласот поради пневмонија и беше принуден да го скрати концерт во Окленд.

 

Џон се расплака на „Мт Смарт“ стадионот во Окланд, откако не беше во можност да пее и покрај тоа што доби медицинска помош.

Во неделата навечер, тој на својот профил на Инстаграм им се извини на фановите кои беа присутни на настапот.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што присуствуваа на вечерашната свирка во Окленд. Денес наутро бев дијагностициран со пневмонија, но бев решен да ви го дадам најдобриот можен настап“, напиша Џон на својот Инстграм.

„Свирев и испеав од срце, сè додека гласот не можеше да пее повеќе. Разочаран сум, длабоко вознемирен и жалам. Дадов сè од себе“, додаде тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.