Меси го грабна спортскиот Оскар

Sвездата на Барселона, Лионел Меси и пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освоија Светската награда за спорт на "Лауреус", за 2019 година, пишуваат медиумите.

 

Меси е првиот тимски спортист кој ја доби оваа награда и со тоа влегува во историјата на наградата, која се смета за „Спортски Оскар“. Се доделува секоја година од страна на Светските награди за спорт, за спортистите достигнувања од претходната година.

 

Лионел Меси не учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, но испрати видео порака. Ова е посебна и многу важна награда. За мене е чест што сум првиот тимски играч што ја добил оваа награда. Обично се дава на претставници од индивидуални спортови. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, семејството и навивачите кои ме поддржуваат. Се надевам дека ќе се сретнеме повторно еден ден“, рече Меси.

 

Минатата година Меси ја освои својата шеста Златна топка, а Хамилтон стана Шампион во Формула 1 по шести пат.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.