Кралицата им забрани на Хари и Меган да го користат брендот "Sussex Royal"

Принцот Хари и Меган треба да се откажат од брендот Сасекс Ројал, откако решија да се разделат од британското кралско семејство, пренесуваат агенциите.

 

После долги разговори со кралицата и кралскиот суд, експертите дошле до заклучок дека веќе не е соодветно младото семејство да го користи зборот „кралски“ во нивниот „брендинг“.

 

Хари и Меган потрошија десетици илјади фунти на новата веб-страница наречена „Сасекс Ројал“ за да го надополнат својот популарен профил на Инстаграм. Тие исто така се обидоа да го регистрираат Сасекс Ројал како глобален бренд за голем број производи и активности, вклучително и облека, канцелариски материјал и едукативни материјали. Започна и создавањето на добротворна фондација со исто име.


Ова е сериозен удар за војводата и војвотката од Сасекс, кои сега мора да започнат да се пререгистрираат и да ребрендираат сè.

 

Принцот Хари, неговата сопруга и нивниот син Арчи, веќе се во Канада, откако го објавија заминувањето од кралското семејство.

 

Во јануари Бакингемската палата го објави договорот со војводата од Сасекс, кој сакаше да се повлече од своите кралски должности и да биде финансиски независен. Кралицата Елизабета Втора ја исполни неговата желба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.