ЅВЕЗДАТА Е РОДЕНА: Неверојатна изведба на песната на Лејди Гага и Бредли Купер во лондонското метро (ВИДЕО)

Сосема непозната жена стана светска сензација откако ја испеја песната на Лејди Гага и Бредли Купер „Ѕвездата е родена“ во лондонското метро.

 

Таа случајно била запрена од британскиот комичар Кевин Фредвор за да се приклучи на предизвикот на „Фејсбук“, во кој странци и случајни минувачи на улица пеат.

 

Едно од првите видеа поставени на социјалната мрежа веќе има над 13 милиони прегледи. Жената која го воодушеви светот со нејзиниот неверојатен пејачки перформанс се вика Шарлот Абери и е всушност пејачка која се претставува на Инстаграм како текстописец и веќе има над 170.000 следбеници.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.