Џeнифер Гарнер својот син го носи на ушка oд училиште

Синот на Џенифер Гарнер, Семјуел, го има најубавиот транспорт до дома по училиште -  на грбот на својата мајка.

47-годишната актерка се чини дека ужива во обврската да го земе Семјуел по завршување на наставата во училиште во Брентвуд. Таа беше фотографирана додека се забавува во играта со Семјуел по часовите во понеделникот.

А младото момче оди по нискиот ѕид од цигли пред да се качи на грбот на мајка му за „возење“ на ушка.

Холивудската актерка беше прогласена за најубава жена за 2019 година, според магазинот „Пипл“. Списанието секоја година го прави изборот за најубава дама, а мината година изборот падна на Џенифер.

Поранешната сопруга на актерот Бен Афлек е на прагот на петтата деценија, а вели дека за нејзиниот изглед голема заслуга имаат и нејзините три деца Вајолет (14), Серафина (11) и Семјуел (7).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.