Бон Џови, принцот Хари и воениот хор објавија сингл за добротворни цели

Американскиот рокер Џон Бон Џови се здружи со британскиот принц Хари и хорот на воени ветерани  за да ја објават песната Unbroken минатиот петок, а новиот сингл има за цел да ја подигне свеста за посттрауматско стресно нарушување (ПТСД).

Принцот дојде да го гледа пејачот и хорот Invictus Games додека ја снимаат песната во лондонското студио Abbey Road Studios минатиот месец, еден од неговите последни ангажмани како висок член на кралското семејство.

„Тој беше прекрасен кога дојде да нè види. Сите нè прегрна,“ вели Керолајн Бизли, членка на хорот која беше застрелана додека служеше со вооружените сили на Велика Британија во Белфаст во 1994 година.

„Бев повредена пред многу години и потоа се криев долго време заради различни причини“, изјави таа за Ројтерс.

„Да бидам дел од хорот за мене значи да бидам дел од група луѓе што допираат до мене и ме разбираат“.

Приходите од продажба на песната, која ја напиша Бон Џови, ќе одат во фондацијата што ги поддржува Invictus Games, спортски игри за болни и повредени ветерани, што е една од омилените каузи на Хари.

Родителите на пејачот двајцата служеле во американскиот поморски корпус, а Хари служел во британската војска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.