Џим Кери реши да пушти брада за време на изолацијата и ги покани сите да му се придружат

Познатиот американски комичар Џим Кери (58) откри дека ќе пушта брада за време на самоизолацијата и ќе ја објави својата трансформација на социјалните медиуми.

Добитникот на два „Златни глобуси“ реши да им помогне на неговите фанови што е можно полесно да ја поминат самоизолацијата и ги покани да му се придружат во предизвикот.

Тој на социјалните медиуми објави дека ќе почне да пушта брада за време на карантинот и ќе го сподели секој чекор со своите 18,5 милиони следбеници и обожаватели.

Актерот објави фотографија од своето лице со опис:

„Ден 1. Ќе ја пуштам брадата додека сите не се вратиме на нашите работни места. Ќе објавувам фотографии за да се восхитувам на чудото од мојата бесмислена трансформација. Придружете ми се“, напиша Џим.

https://www.instagram.com/p/B-VL--FHcH6/?utm_source=ig_embed

Тој досега објави три фотографии, од кои последната е направена на петтиот ден од карантинот.

Тој се одлучи на ова откако  ЦДЦ (Центар за контрола на болести) ги советуваше мажите да се избричат, бидејќи тоа може да му пречи на респираторот во случај на заболување од коронавирус.

Кери во минатото имал голема брада неколку пати, а неговиот изглед на Златните глобуси во 2016 година бил особено забележителен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.