Мајкл Шин ја повикa Велика Британија да ги користи хотелите како засолништа додека трае изолацијата за Ковид-19

Холивудскиот актер и активист Мајкл Шин ја повика британската влада да ги претвори празните хотели во засолништа за лица што бегаат од насилство дома додека трае карантинот против ширење на коронавирусот, и предупреди дека ќе има драматично зголемување на семејното насилство.

Велшкиот актер, познат по своите улоги во фантастичната сага „Самрак“ како и во „Никсон и Фрост“ - филм номиниран за Оскар во кој Шин го игра новинарот Дејвид Фрост - рече дека засолништата во Велика Британија се веќе преполни во шестиот ден на изолација во која е ставена земјата.

„Во овие тешки времиња, има тенденција на драматичен раст на случаите на семејно насилство,“ вели Шин во видеото на Твитер, додека ја повикува владата да обезбеди „клучно финансирање за да им овозможи на службите да одговорат на зголемениот притисок“.

„Според евиденцијата од други земји во периодот на изолација, пријавените случаи на насилнички постапки и семејно насилство се зголемиле за 30, 40, па дури и до 50 проценти во некои случаи,“ вели Шин.

Британија минатата недела им се придружи на Италија, Шпанија, Франција и други земји кои им наредија на граѓаните да останат дома за да го спречат ширењето на вирусот „Ковид-19“ кој уби повеќе од 30.000 луѓе ширум светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.