Принцот Хари и Меган објавија последна порака како членови ка кралското семејство

Принцот Хари и неговата сопруга Меган ја објавија својата последна порака како членови на британското  кралско семејство, а својата кариера ја продолжуваат без титулите „ваше височество“, објави Ројтерс.

Според договорот постигнат со британската кралица (93), одлуката ќе биде валидна од 1 април.

Меган Маркл (38) и принц Хари (35) неодамна ја напуштија Велика Британија, прво се преселија во Ванкувер а потоа во Лос Анџелес. Британските медиуми пишуваат дека таму Маркл ќе се обиде да ја обнови актерската кариера, од која што се откажа поради кралската фамилија.

Од утре и официјално престануваат да бидат дел на монархијата, со сите титули но и должности. За Меган и Хари почнува нов живот, финансиски независен, а на тој пат тие се опростија и од популарниот кралски профил на Инстаграм, каде што ги следеа повеќе од 11 милиони луѓе.

„Ние вртиме ново поглавје во нашите животи и сакаме да придонесеме за светот на поинаков начин. Иако можеби нема да нè видите повторно тука, нашата работа продолжува. Ние веруваме дека секоја личност на овој свет има потенцијал да направи разлика. Ви благодариме за поддршката, инспирацијата и ангажманот, за да го направиме светот подобро место за живеење. Со нетрпение очекуваме некоја нова можност, вие бевте одлични. Дотогаш, внимавајте на себе и на вашите најблиски,“ напишаа Меган и Хари во прошталната објава.

Тие од денес ќе мора самите да се финансираат, и повеќе нема да користат кралски титули. Веќе е познато дека тие нема да можат да го користат зборот „кралски“ за нивните брендови.

Кога војводата и војвотката од Сасекс објавија дека ќе се откажат од нивните улоги во монархијата за да станат „финансиски независни“, тоа беше шок за британскиот естаблишмент и тема на интензивна дебата низ целата земја и пошироко.

Без оглед на сите главоболки што ѝ ги предизвикаа, кралицата истакна дека тие секогаш ќе бидат сакани членови на семејството и дека ќе продолжат да присуствуваат како гости на поголемите кралски настани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.