Џерард Батлер му здосади да седи дома, отиде на плажа со друштво

Џерард Батлер и неговата девојка Морган Браун уживаат на плажа во близина на Малибу и покрај тоа што на сила е политиката „Остани дома“ поради кризата со коронавирусот.

Актерот своето време го дели меѓу Глазгов, во родната Шкотска, и Лос Анџелес, неговиот посвоен дом откако стана водечки човек на сребреното платно.

Имајќи предвид дека месецов кризата со коронавирусот достигна температура на грозница, ѕвездата на хитот “300“ изминативе неколку недели е во самоизолација во Јужна Калифорнија со својата долгогодишна љубов Морган Браун.

Но во понеделникот Џерард и Морган излегоа надвор за да се сретнат со пријатели на плажа северно од Малибу, и покрај политиката „Остани дома“, што моментално е во сила во Голден Стејт.

Штом пристигнале на плажата, Батлер и друштвото внимателно избрале место на песокот одржувајќи растојание од речиси два метри, според препораката на здравствените власти.

Ѕвездата на “300“ е во спорстко издание со маскирни шорцеви и бело-црвена маица со долги ракави.

Другите луѓе во нивна близина, исто така, биле оддалечени околу 1.8 метри.

Минатата недела локалнита власти во Лос Анџелес најавија затворање на плажи, пристаништа, патеки за велосипеди на плажа, точки за пристап до плажа, јавни патеки. Забраната ќе важи до 19 април.

Градот ги затвори и пешачките патеки. Но, на поединци и на семејства сè уште им е дозволено да одат на пешачење, да возат велосипед или да купуваат основни намирници и да одат во аптеки, сè додека ја одржуваат пропишаната оддалеченост од другите луѓе.

„Останете дома!“, градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсет, повтори во понеделникот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.