Бен Афлек и Џенифер Гарнер ги подготвуваат децата за прва средба со новата девојка на Афлек

Бен Афлек соработува со поранешната сопруга Џенифер Гарнер за да ги подготват своите деца за запознавање со новата девојка на тато, Ана де Армас.

Се чини дека Бен и Ана се вљубени еден во друг и нивната врска станува сериозна, пренесуваат медиумите и додаваат дека  неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер сака тој да биде трпелив и малку да почека пред да ја запознае со нивните три деца.

47-годишниот добитник на „Оскар“, кој со Гарнер има заедничко старателство врз трите малолетни деца - Вајолет (14), Серафина (11) и осумгодишниот Семјуел – покажува разбирање за нејзиното двоумење, пренесува Us Weekly.

И покрај тоа што започна вртоглава романса со својата колешка од филмот „Длабока вода“ пред само неколку недели, ѕвездата на „Арго“ се согласи да соработува со Џенифер за да подготват терен за првата средба со ѕвездата на „Блејд ранер 2049“.

Славниот актер и прекрасната Кубанка минатиот месец отпатуваа на одмор во Костарика, по што се појавија романтични слики на плажа. Бен и Ана наводно се зближиле во текот на снимањето на еротскиот трилер Deep Water („Длабока вода“), во кој глумат брачен пар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.