Анџелина и Бред постигнаа договор за школувањето на децата, се одлучија за традиционален начин

Поранешната најпопуларна двојка во Холивуд, актерите Бред Пит (56) и Анџелина Џоли (44) се согласија нивните деца да се школуваат на традиционален начин.

Тригодишната битка помеѓу Бред Пит и Анџелина се помести еден чекор понапред, бидејќи конечно се договорија на кој начин ќе ги образуваат своите деца.

Разводот на холивудските актери трае една година подолго од нивниот брак, а тие конечно направија еден чекор напред во нивниот однос.

Бред пополни документи во Лос Анџелес и го извести судијата дека тој и Енџи конечно се согласиле околу образувањето на своите деца. Двојката се определила за традиционален начин на образование.

Најстариот син, Медокс (18), сега е на колеџ во Јужна Кореја, па оваа одлука ќе се однесува само на неговите помлади браќа и сестри Пакс (16), Захара (15) Шило (13) и близнаците Нокс (11) и Вивиен (11). )

Бред и Анџелина сега имаат две решени прашања по разводот, а тоа се прашањата околу старателството и образованието на децата, но сè уште не го решиле финансискиот дел.

Богатството на Бред се проценува на 300 милиони долари, а на Анџелина околу 100 милиони долари, и судот ги прогласи за официјални самци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.